| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеникот на ДУИ, Манојловски, бара легализација на истополовите бракови

Паднаа во сенка барањата на Народниот правобранител за повеќе пари и самостојно вработување од предлогот на најстариот пратеник во Собранието од редовите на ДУИ Бранко Манојловски.

Тој на Комисијата за политчки систем со дневен ред за општите акти на Народниот правобранител и годишниот извештај, побара легализација на истополовите бракови.

Овие два-три месеци слушнавме за многу права но не и за правата на хомосексулаците- рече Манојловски од Интегративците.

Власта за поголема заштита од полициската бруталност предложи воведување на полициски Омбуцман. Од ВМРО ДПМНЕ побараа поголема заштита во делот на правична застапеност на малцинските заедници во локалната власт.

Според народниот правобранител Иџет Мемети, до сега никој нема поднесено претставна до институцијата за заштита на правата на малцинствта во локалната самоурпава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top