Новинарот Поповски кој беше и автор на политичката емисија Х/0 во која гостуваа аналитичари и политички лидери сега комплетно раководи со медиумскиот настап и со ПР стратегијата на СДСМ и Зоран Заев.
Инаку дел од аналитичарите, за ваквиот потег на новинарот Поповски сметаат дека не е изненадување со оглед на политичката пристрасност кон СДСМ, но и кон Бранко Црвенковски. Впрочем, истите аналитичари потврдуваат дека со одлуката на Заев, Поповски како приврзаник и долгогодишен следбеник на Црвенковски да раководи со ПР стратегијата на СДСМ се докажува дека Бранко зборува во СДСМ.
За ваквата политичка наклонетост на Поповски кон Црвенковски пред неколку години во периодот кога Роберт беше активен со емисијата X/0 пишува и Мирка Велиновска. Во колумната за неделникот Фокус, Мирка под наслов:Леле Црни Бранко кој те брани; ќе напише:
Роберт Поповски кој по учеството во многу славни битки со право го носи герилското име командант Пушинела. Му паднало на мегдан да дели во амбиент на студиото каде вообичаено со певаљки два на еден, војува Драган Вучиќ. Има таму некои искови и нули како декор што треба да асоцира дека пред наши очи се одвива двобој во живо, во кој до последната минута не се знае дали ќе победи снаодливоста или спремноста на борците кои се тепаат со зборови. Има и две страни, една наспроти друга, демек како за дијалог. Ама со Роберт го знаете исходот на секоја битка. Туго!- пишува Мирка Велиновска.
Тој е храбриот бранител кој решил на браникот на Б.Ц да го положи сиот свој професионален капацитет од Карпалачката заседа…За рефереднумот за територијалната организација Мирка пишува:
Роберт во емисијата прашува Што ако успее референдумот. (за кој Бранко од петни жили се трудеше да не успее) ќе ја превземете ли одговорноста за состојбите во државата? Во превод народе мисли му ја ако победиш? Веројатно командант Пушинела (Роберт Поповски) после секоја емисија оди во генерал штабот за да ги разгледа ефектите од битката за Македоња
Меѓудругото Мирка пишува дека Роберт има и еден нов автомобил џип и дека народот нема врска за материјалните тековини на пријателите на Б.Ц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.