Кога се објави дека Аца Лукас има нова девојка, многумина не можеа да поверуваат дека толку брзо пронашол замена за сопругата Соња Вуксановиќ. Меѓутоа судејќи по најновите фотографии кои се објавени, пејачот баш е заљубен во Бранислава. Како што дознава Блиц, тој ја довел Бранислава во Белград, каде заедно престојуваат во моментов.
-Аца одамна не бил волку добро расположен. И покрај сите проблеми кои ги има, тој не ја симнува насмевката од лицето, а сето тоа благодарение на Бранислава која цело време е со него. Тие буквално не се разделуваат. Ги поминуваат деновите посетувајќи ги престолничките ресторани, а Аца ја запозна и со некои свои пријатели- изјавил за Блиц извор близок на парот, и додал дека Бранислава иако е скоро двојно помлада, баш добро се вколопила во неговото друштво.
-Аца баш неодамна реше дека му е многу убаво крај неа и дека никој друг не го интересира- рекол изворот.
Додека Лукас се забавува со новата љубов, Соња секојдневно објавува фотографии на социјалните мрежи, на кои покажува дека ужива. Така таа во саботата навечер со пријателките била излезена, а според фотографиите изгледа дека Соња не пати поради разводот, или тоа се обидува да го сокрие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се уште сум Вуксановиќ, додека маж ми се смилува да ми даде развод – Соња откри зошто се уште го носи презимето на Лукас!
-
Соња конечно проговори: Девојките на Лукас се никакви!
-
Не мирува – само што стивна хаосот околу Аца Лукас и Соња, таа вака се огласи (видео)
-
Се откажа од бракот, но не и презимето – поранешната на Лукас се појави во никогаш поубаво издание