| четврток, 6 декември 2018 |

Го претепале продавачот зошто не им продал алкохол

Охридската полиција поднесе кривична пријава против М.О.(23), В.Х.(23) и Д.П. (22), сите од Охрид за сторено кривично дело насилство.

На 22 јуни околу 21 часот во село Лескоец, пред продавница, откако претходно пријавените побарале да купат алкохолен пијалок во маркетот и биле одбиени од вработената С.С.(30) истите почнале непристојно да се однесуваат.

Во моментот во маркетот влегол сопругот на вработената, Н.С. (29) и побарал да престанат со навредите и да си заминат, на што пријавените физички ги нападнале двајцата, О.М. од неговото патничко возило извадил метална лопата со која го удрил Н.С. во пределот на десната рака и главата, како и С.Б.(57) кој се обидел да го спречи нападот, информираа од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top