-Од научна гледна точка нема како Бугарија да го признае македонскиот јазик, тоа е смешно- изјави бугарската потпретседателката Илијана Јотова во емисијата “Брисел 1” на телевизијата “Bulgaria on Air” во врска со односите меѓу Бугарија и Македонија.
Таа вели дека “Не може да се занемарат научните вредности и лингвистички анализи. Ова го велам од аспект на научниците, а не од политичка гледна точка”, истакнуваа таа. Јотова оценува дека, на ниво државни односи, посетата на Зоран Заев и очекувањето на потпишување на договор за добрососедство е „многу сериозен чекор напред“.
-Тоа е буквално опуштање на овие односи. Знаете дека во Македонија се посегнува на бугарски споменици. Сето ова било повеќе пати било претставувано и во Европскиот парламент. За бугарска активност, во текот на годините луѓето биле фрлани во затворите. Сето ова е дел од една тежина која лебди во воздухот меѓу двете држави. Со изразената волја и желба на 2 август да биде потпишан Договор за добрососедство – нешто што се чекаше многу години за да има правна основа за добри односи меѓу двете земји, ми се чини дека навистина ќе напредуваат- рече бугарската потпретседателка Јотова.
Таа за можноста за евроатланските интеграции на Македонија, оцени дека Македонија има „цврста желба да биде дел од системот на НАТО, да биде член на ЕУ“, но дека е зарижена „и за позицијата на Грција во однос на името и како ќе биде решен овој проблем“.
-Процесот нема да биде во никој случај краток. Секоја земја има свои национални позиции- коментира потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Нема учебник по историја во Македонија за кој Бугарите немаат забелешка!