Џереми Микс (33) стана познат меѓу жените ширум светот како најзгоден затвореник, кој по ослободувањето, ја продолжил својата кариера, но на модните писти. Во центарот на вниманието сега се нашол бидејќи се забавува со милијардерката Клои Грин.
Заљубениот пар оваа недела бил забележан на луксузна јахта во текот на крстарењето по Медитеранот. Со оглед на тоа дека Џереми и натаму е оженет со Мелиса, со која има две деца, оваа вест и фотографиите ја шокирале јавноста, пишува „Дејли мејл“.
Клои инаку е наследничка на трговското царство “Sir Philip Green”, кое вреди 3,8 милијарди фунти. По појавувањето на фотографиите на кои парот разменува нежност, Клио објавила една фотографија со Џереми на Инстаграм и напишала: “Само почеток…Ја цениме сета омраза и сета љубов”.
Џереми бил член на банда и бил осуден за поседување на пиштол, а затворен бил на две години. Ослободен бил во 2016. година, а само неколку месеци подоцна станал еден од најплатените модели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст