Новото истражување спроведено на Универзитетот Мичиген покажало дека жените кои користат апчиња за контрацепција имаат поголем ризик да заболат од рак на дојка. Во истражувањето се наведува дека апчињата за контрацепција може да го зголемат нивото на естроген и прогестерон, што во однос на жените кои никогаш не ги користеле овие апчиња, и тоа за трипати.
Крвта на жените кои користат контрацепција има повисоко ниво на хормони од крвта на жените кои никогаш не земале апчиња за контрацепција. Четири од седум тестирани жени имале четири пати поголемо ниво на прогестерон во крвта, а 4о отсто од жените имале повисоко ниво на естроген.
Без разлика на овие наоди, главната авторка на студијата Беверли Страсман нагласува дека апчињата имаат позитивно влијание на здравјето на многу жени и овие резултати треба внимателно да се интерпретираат и да се земат со резерва, бидејќи не постои лесен одговор кога се проценуваат ризиците и погодностите.
Според податоците на најголемата добротворна институција за истражување на рак „Кенсер рисрч“ на Велика Британија најмалку еден отсто од жените се разболуваат од рак на дојка поради користење на апчиња за контрацепција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.