На искиривените толкувања на историјата на Герогиевски реагира историчарот Никола Србов.
„Искривување на фактите и намерно погрешно толкување на истите. Да, Делчев и сите првенци биле ученици на Егзархијата, но нека кажат Љубчо и Заев зошто било така. Во периодот за кој станува збор, предилинденски и постилинденски, во Македонија образовниот систем бил во склоп на црквата, Македонците имале две опции, или да одат во Патријаршијата каде се проповеда и учи на грчки јазик, или да одат во Егзархијата каде се проповеда и учи на словенски јазик кој го разбирале. Логично е дека мнозинството оделе во Егзархијата откако пропадна обидот да се возобнови Охридската Архиепископија. Никој не сака да зборува за црковнопросветната борба каде Македонците застанаа зад Бугарите во барањата за сопствена црква, а потоа Македонците беа изиграни.
Нека не продаваат Љубчо и Заев искривени толкувања.“
Србов вели дека науката може да биде во корист на политиката а не обратно и затоа ги повикува Димитров, Заев или Љубчо да не се осмелуваат да шират дезинформации за историјата.
„Нека каже Љубчо колку оригинални писма прочитал и дали се на литературен бугарски јазик, ќе му дадам да прочита писма од Васил Чакаларов да се подзачуди малку на каков народен македонски јазик се пишувани. Државата создава институции, институциите создаваат цврста национална свест, ние денеска кога имаме сопствена држава и институции имаме луѓе кои немаат национална свест, а уште помалку гордост, што останува за нашите предци во 19 век. Македонската националност не била призната, па затоа, нека не ве чуди доколку некој некаде, од разни причини, се пишал Бугарин или Србин. Горе читам за Македонците кои живееле низ Европа, па токму тие први започнаа да кажуваат дека Македонците немаат ништо заедничко со своите соседи. Да не заборавиме, националното будење кај сите балкански народи пристигна токму од луѓе кои шетаа низ Европа. Сакате да говориме за Чуповски, за Мисирков, за македонските здуженија во Швајцарија??“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.