Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што ќе предизвика нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи на повеќе места. Локално ќе има услови за појава на невреме.
Дневните температури ќе опаѓаат, почнувајќи од северните делови за околу 5 степени, а во јужните делови сè уште ќе се задржи многу топлото време. Минималните температури ќе се движат од 16 до 24 степени, а максималните од 31 до 40 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде околу 20, а дневната ќе достигне до 35 степени.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.