Познатиот српски дизајнер Дарко Костиќ е приведен поради поседување дрога. Според неофицијални информации Костиќ бил приведен во петокот бидејќи полицијата пронашла во неговиот стан кокаин и т.н. „дрога за силување“ чија хемиска ознака е GHB.
На дарко му се слошоло во неговиот стан и дошла брза помош, а лекарите по доаѓањето констатирале дека дизајнерот е под дејство на опијати и потоа била повикана полиција која пронашла дрога во неговиот стан. Брза помош повикал неговиот пријател кој се затекнал во неговиот стан откако Дарко во еден момент изгубил свест.
Инаку, GHB, е позната како „дрога за силување“ и спаѓа во категоријата депресори на нервниот систем. Нема боја и мирис и лесно може да се стави во пијалокот на потенцијалната жртва. Други називи за GHB се и течен екстази и дрога за силување. Дејството на дрогата почнува по 10 до 20 минути, а ефектите траат и до 11 часа.
Костиќ се појавува со свои креации на Белградската недела на модата од 1999 година и познат е по соработката со Јелена Карлеуша, Наташа Беквалац, Јована Јоксимовиќ…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.