| четврток, 6 декември 2018 |

Како да најдете „ви-фи“ преку фејсбук?

Интернет зависниците ќе можат да се послужат со „Find Wi-Fi“ пред да почнат да кризираат оти немаат интернет. Тој е достапен за корисниците на ајфон како и на андроид
Ова не е отворена мрежа туку мрежа составена од бриватни бизниси кои го снабдиле фејсбук со информации, но секако ќе ви биде од помош при избирање каде ќе седнете на кафе особено ако се наоѓате во непознат град.
„Find Wi-Fi“ е мошне лесна за користење. Клинкнете Explore во табот More и пронајдете ја опцијата Find Wi-Fi. Апликацијата бара пристап до вашата локација со цел да може да се користи.
Сепак, оваа алатка не може да работи без интернет што ја побива првобитната цел на алатката. Може да ви се најде ако сте во странство и сакате да шетате, па пред да излезете ќе знаете на каде да се движите за побрз update на социјалните мрежи во спротивно, алатката баш и нема логика.
Од фејсбук, пак, соопштиле дека новата алатка е создадена токму за местата со слаба интернет покриеност со цел одржување на постабилна интенет конекција и пристап кон дигиталната мрежа каде и да одите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top