Јанева рече дека ништо не и значи рокот, но доколку е така таа ќе се соочи со казнена одговорност за злоупотреба на службената положба – изјави во „Отворено студио“ на ТВ НОВА Михајло Маневски поранешниот министер за правда.
Според него Јанева во текот на овие 18 месеци покажала непрофесионалност, сервилност, недоследност и неспособност да врши одговорна функција каква што е Специјален јавен обвинител.
– Јанева изјави дека неа ништо не значи 1-ви јуни, ништо не значи членот 22 од законот каде јасно стои дека краен рок за поднесување на обвиненија од СЈО е 18 месеци. Изјави дека ќе продолжат со работа. Рокот е денеска истечен. И од денеска СЈО нема ингеренции да покренува истражни постапки. Она што го изјави се граничи со нејзиното самоволие. Доколку така настапи ќе се изложи на казнена одговорност за злоупотреба на службената положба. Нема инегернции да спроведува постапки – вели Маневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст