Новинарот Васко Ефтов на својот профил на фејсбук објави дека од изборите во Скопје ќе зависи кој ќе прогласи победа на локалните избори.
-За секоја варијанта имаат по неколку разработени сценарија со имиња, рокови и претпоставени политички добивки. Суштината на сè ќе бидат изборите во Скопје. Од изборите во Скопје ќе зависи кој ке прогласи победа на локалните избори – вели Ефтов.
Според него сè што се случува овие денови, а веројатно ќе се случува и во деновите и неделите кои следат, ќе треба прецизно и без емоции да се чита.
– Бидејќи ако ги тргнете настрана Катица Јанева и нејзината екипа во СЈО и Зоран Заев и неговата екипа во СДСМ, станува јасно дека “реалната екипа” која го проектира и спроведува целото сценарио тоа го прави без емоции и математички прецизно, пишува на својот ФБ профил Ефтов.
Според него, за да отпочне процесот на рушење на Груевски внатре во ВМРО, таа партија треба да изгуби во Скопје. За да се решава името и сè во пакет со соседите, Груевски треба да биде сменет во ВМРО, пишува Ефтов.
Новинарот додава дека ова што сега се случува е подготовка на теренот за тоа, а основата е ВМРО да не победи во Скопје.
-Во таа функција ќе бидат атакувани три структури: Главните теренски играчи и активисти. Скопје е тежок за работа, има многу ромски, албански и рурални гласови. Што значи многу теренска работа и голема улога на полицијата во “регуларноста на изборите”. Ќе бидат атакувани старите полициски структури на ВМРО и тоа со многу пари и многу закани од СЈО. Второ ќе бидат атакувани сите “стари играчи” на Груевски од неговото премиерско време. И трето ќе бидат атакувани “јаките момци” кои даваат мускули во изборниот процес. Нив ќе им ја продаваат приказната дека “мајката му е Путин” и дека веќе не се трпат понижувањата од Бејли. И сето тоа треба да донесе до посакуван резултат во Скопје. Тоа е редоследот: Пораз на ВМРО во Скопје, смена на Груевски и на крај преговори за смена на името. Дали тоа ќе биде крајот? Не знам ќе видиме. Ваква тешка артилерија не се покренува само за промена на името. Ваква голема сила се става во функција за нешто многу повеќе од името!, пишува Ефтов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ефтов: Прво некој во 2015 ви остава бомби пред вратата, потоа ви остава договор за Северна Македонија
-
Ефтов: Во што е храброста да се смени името на една држава?
-
Ефтов: Вчера вечер Христијан Мицкоски го прегази Зоран Заев!
-
Васко Ефтов до „шарените првоборци“: Од неделата наваму секое непојавување на медиум што не е под нивна контрола ќе значи страв од соочување со јавноста!