Се наоѓаме во населбата Перо Чичо, месност Гладно Поле. Како што може да се забележи, тука животот на граѓаните е отежнат и дополнително искомплициран од неодговорните служби на градот Куманово и градоначалникот Дамјановски, истакна на денешната прес-конференција Цветанка Величковска од ОК Куманово на ВМРО-ДПМНЕ.
-Со години бараме асфалтирање на улиците и приклучок на канализациона мрежа, но по се надлежните немаат слух. Укажувањата до локалната власт стануваат пракса во овој град, на која нема одговор ниту било каква реакција. Граѓаните тука редовно си ги плаќаат своите сметки кон општината и комуналните претпријатија. Затоа заслужуваат изградба на целосна комунална инфраструктура уште години наназад кога почнале да ги градат своите домови. До сега не е ништо направено, обвини Величковска.

Градоначалникот не го засега тоа што граѓаните се дават во кал, вели таа и ги потсетува градските власти дека на поголем дожд се формира блато каде што и автомобилите тонат. Децата не може да се играат низ маалото, прошетките се оневозможени.
-Повторно го потсетуваме градоначалникот, воедно и прашуваме. Што стана со именувањето и нумерација на улиците во Гладно поле? Жителите се соочуваат со огромни проблеми при вадење на личните документи, примање и праќање поштенски пратки и слично.
Очигледниот неинтерес на градоначалникот и неговите локални функционери на СДС кај граѓаните предизвикуваат бурни реакции. Ветувањата пропаднаа, граѓаните останаа измамени и измануплирани. Начинот на кој постапуваат со граѓаните и дадените ветувања говори за тоа каква партија е СДС, неодговорни и насилни.
Граѓаните долго време ја трпеа вашата неодговорност, изборите се ближат, рече Величковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


