Во ниедна нормална држава законите на СЈО да се над законите во државата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја задолжила државата и во времето на СДСМ владата беше задолжена, но во едниот случај гледаме градби, а истовремено при градењето велат дека имало и крадење. Во владеењето на СДСМ гледаме не е дигнат ниту еден ѕид и прашувам каде се украдени парите. Секој може да си пресмета колку чинат спомениците од проектот Скопје 2014 и тие истите пари наместо да градат СДСМ ги украде во нивното владеење, рече Влахов-Мицов.
Во последните три години со наметнатата политичка криза само се докажува како можеме од еден релативно мал проблем, т.е. од една дупка во чорапот можеме да уништиме држава. СЈО е дел од Пржинскиот договор, а пак тој договор е дел од циркузантскиот политички процес во изминативе три години, вели Стефан Влахов Мицов.
–Се започна со бојкотот на собранието од страна на Собранието, тие наместо да распишат парламентарни избори седеа дома и земаа плата, во секоја нормална држава ако некој отиде кај премиер или претседател да го уценува тој излегува со лисици на раце, а кај нас не беше така. Секаде во светот ако се прислушуваат разговори, се почнува гонење против снимателот, а не за содржината, ште кога беше потпишан договорот за СЈО беше јасно што ќе прави тоа, истакна Влахов-Мицов.
Тој истакна и дека има многу докази дека владата меѓу Заев, Ахмети и Заев е водена од надвор и дека на светот му се брза за уништување на Македонија, нејзино менување на името, влез во НАТО и остварување на голема Албанија.
-Влегувањето во НАТО не значи зачувување на границите, тоа значи остварување на голема Албанија и тоа на мирен начин, затоа што тоа веќе е внатрешна работа на НАТО, изјави Влахов Мицов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст