| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна прогноза: Подгответе се за летно невреме

Утре во попладневните и вечерните часови од север ќе се спушта посвежа воздушна маса која на повеќе места ќе предизвика нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси во форма на невреме, соопшти УХМР.

Дневните температури ќе опаѓаат, почнувајќи од северните делови за околу пет степени, а во крајните југоисточни делови сеуште ќе се задржи многу топло, така што температурите ќе бидат во интервал од 31 до 40 степени.

И во Скопје во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во понеделник ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локален дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика дополнително опаѓање на температурата уште за околу 10 степени и ќе се движи од 21 до 29 степени.

Стабилизрање на времето со постепено покачување на температурата ќе има во вторник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top