Естонија денеска од Малта го презеде претседавањето со Европската унија во следните шест месеци.
Првично, од јули до декември 2017 година со ЕУ требаше да пресадава Велика Британија, но Лондон се откажа од претседавањето по ланската одлука за Брегзит, по што за претседавач за овој период беше избрана Естонија.
Претседавањето на Естонија со Унијата ќе се одвива под мотото „Единство преку рамнотежа“.
– Веруваме дела во Европа постои широк консензус за да можеме да одговориме на сите предизвици и да ги искористиме сите можности што ни се нудат. Мораме да ја поттикнеме отвореноста на економијата и на општеството, а во исто време да обезбедиме заштита и сигурност, соопшти естонската Влада по повод преземањето на претседавањето со ЕУ.
Естонија најави дела нејзина улога ќе биде да „пронајде рамнотежа меѓу различните ставови, традиции и интереси во денешна Европа, со цел да се постигнат најдобри резултатите за европските граѓани“.
Во програмата за естонското претседавање со ЕУ како главни приоритети се наведени „отворена и иновативна европска економија, сигурна и заштитена Европа, дигитална Европа со слободен протик на информации и инклузивна и одржлива Европа“.
Како лидер во дигиталната технологија во Европа, Естонија во рамки на своето претседвање ќе ги промовира процесите на дигитализација во Унијата. За време на претседавањето со ЕУ, Естонија ќе организира 45 собири псоветени на теми од дигиталната технологија, а дигитализацијата ќе биде и една од клучните теми на Самитот на ЕУ предвиден за 29 септември во Талин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст