| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кичево започнува десеттиот Меѓународен фолклорен фестивал

Вечерва пред платото на Центарот за култура во Кичево започнува десеттиот по ред, Меѓународен фолклорен фестивал на народни песни и ора „Д-р Владимир Полежиноски“, во организација на НУЦК „Кочо Рацин“ и Министерството за култура на РМ.

Оваа година на фестивалот ќе настапат културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Кипар и од Македонија.

– Покрај учеството на фестивалот, ансамблите и друштвата ќе ги посетат и културните знаменитости на Кичево и Охрид. Долгиот список на учесници и понудениот квалитет на програмата, се надевам дека ќе биде доволна причина да се остане во градот во овие топли летни денови, рече Маја Силјаноска координатор на фестивалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top