| четврток, 6 декември 2018 |

Одбојкарите подготвени за европско злато

Македонската одбојкарска репрезентација пристигна во Данска, каде што утре и задутре повторно ќе атакува на златниот медал во Европската лига. Одбојкарите забележаа шест победи на турнирите во Скопје и во Тирана. Противник на Македонија во полуфиналето ќе биде домаќинот Данска, репрезентација што нашите одбојкари добро ја познаваат од претходните неколку години кога редовно се среќаваа со овој ривал.

Веќе кажав дека наша цел мора да биде освојување на златото, бидејќи поседуваме и квалитет и искуство за такво нешто. Данска е ривал што го почитуваме, воопшто не е наивен, но тие го немаат променето играчкиот кадар од ланската сезона. Од досегашните шест средби имаме пет победи и еден пораз, тоа ни дава верба дека и овојпат ќе успееме да славиме – изјави Никола Ѓорѓиев во пресрет на овој фајналфор турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top