| четврток, 6 декември 2018 |

Сонцето од Кутлеш на кокошкино јајце

Горан и Силвана Антески од село Тајмиште, Кичевско, добија јајце со симболот на Античка Македонија и со знамето на денешна Македонија, јавува порталот „Кичево“.

– Како и секое утро, така и вчера најнормално ги собирав снесените јајца и наеднаш погледот ми застана на едно јајце, кое по својот изглед се разликуваше од другите. Го зедов јајцето од кокошарникот и го извадив надвор за подобро да го видам на дневна светлина. Тогаш убаво забележев дека на едната страна од јајцето се наоѓа шеснаесеткракото сонце од Вергина, а на другата страна како да беше изгравирано знамето на Република Македонија. Целта ми беше овој подарок од мојата кокошка да ѝ го презентирам и на пошироката јавност и вие ја имате таа чест екслузивно да објавите фотографии од нашето ретко јајце , кое ќе остане како траен спомен во нашиот дом – рече Силвана Антеска, сопственичка на јајцето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top