Секоја одлука кој ја потпишуваат незаконски именуваните директори е незаконска, истакна Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
-Незаконското именување на функционери од владата на СДСМ значи криминал. Криминалниот почеток ќе доведе до уште поголем криминал. Тие ќе ги блокираат институцииите. И ќе има одговорност за тоа, изјави Стојаноска.
Таа потенцира дека СДСМ го продлабочува скандалот наместо да го повлече предлогот на владата за директор на Агенцијата за државни службеници Спасе Глигоров, кој е и член на Извршниот одбор на СДСМ, тие по принципот “пу пу неважи”, и на картата за кратко паметење, прават привид и викаат дека ќе се откаже од местото во Извршниот одбор на СДСМ. Тоа е уште поголем скандал. Ја лажат јавноста, фатени се во лага. Законската забрана за членување во органите на партиите се носи за да биде непартиска личност, а она што СДСМ го прави е именување на висок партиски функционер. Ова е почеток на партизација на администрацијата, и затоа толку грчевито се борат за тоа.
-Ниту еден од новоназначените директори не ја исполнува обврската за познавање на англиски јазик. Тие предлагаат и именуваат непрофесионални и некомпетентнни личности. Законите и процедурите не се испочитувани и преку назначувањето на директорите на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив, управниот инспекторат кој е задолжен да ги штити процедурите кои СДСМ ги крши на големо, вели таа.
Стојаноска најави дека доколку СДСМ не се повлече, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични тужби. Законот мора да се почитува. Незаконие мора да престане и да му се стави крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст