| четврток, 6 декември 2018 |

Апсење на Граничниот премин Табановце

Во 02 часот и 45 минути на Граничен премин „Табановце“, од страна на полициски службеници од слобода е лишен 43-годишниот Д.Р. од Република Србија затоа што е утврдено дека се наоѓа на СТОП-Листа. Во 04 часот и 30минути полициски службеници од СВР Куманово го превзеле и предале лицето во Основен Суд Куманово, каде му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.

Исто така, синоќа на табановце, уапсено е уште едно лице. Се работи за 20-годишниот Б.А. од Скопје кој се наоѓа на СТОП-Листа за издржување казна затвор во траење од една година и осум месеци.

Во 11.55 часот, со потврда за предавање на лице, лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top