За политичкиот аналитичар Александар Пандов СЈО е повеќе политичка одошто правна институција.
-Кога Заев почна да објавува снимени разговори, се трга во потрага од каде потекнуваа разговорите. И по втор или трети пати се покажа дека Верушевски го прави истото – снима. За тоа има и признание. И не признавајќи го судството како партизирано, Заев побара специјално обвинителство.Главно е на секој начин на секој дговорен во ВМРО-ДПМНЕ, во новинарството, судството, бизнисот да биде обвинет, вели Пандов.
Цреша на тоа што се доби од СЈО, вели тој, е вчерашниот ден. И единствената цел е да играат со најголемото чувство на човекот – стравот.
-Кога сакате да манипулирате со луѓето, го иритирате стравот. Ако може 50-100 први луѓе на најголемата партија која доби избори пред само 6 месеци без обвиненија да бидат обвинети како и главни уредници, судии да бидат обвинети, што останува за обичниот човек. Нормално е да очекуваат молк преку страв. Но, народот кога живее во страв, се продава националната историја, името, се прават на сила Бугари. Дали во новинарството новинарите ќе мислат дали ќе критикуваат, бидејќи критичарите се обвинети.
Насилството со кое сега почна СДС не е од сега, а сега почнуваат исто на сила со изборот на претседател на Собранието, на сила менуваат сега функционери, така и со овие обвиненија. На сила сакаат да наметнат страв кај граѓаните и така да владеат.
Треба повеќе да се сплотиме да порачаме дека сето ова го гледаме чувствуваме и паметиме.
Треба на сите да им е јасно дека ова нема да им биде заборавено.
И сето во иднина ќе биде проверено сето што го правеле.
Катица Јанева и СЈО требаше да нѐ научат како треба да изгледа непартизирано судство. Ако е правилото дека во првите 100 дена на нова власт треба да се обвинат 100 лица од опозицијата – лекцијата е научена.
Верувам дека и натака судството и обвинителството има капацитет, не верувам дека е исполитизирано; низ процедура ќе биде докажано дека има основ за сите тие обвиненија – дека е тоа чиста парада со главна и основна цел преку стравот да течат процесите кои се почнаа – да се смени името; договорот со Бугарија дека сме коминтерновска творба, а ние имаме иста историја; и секако од понеделник ќе ја слушнеме пак велат двојазичноста – албанскиот да се изедначи со македонскиот.
Тие се целите кои треба да се затскриени.
Верувам во умот на Македонците дека сето ова е прочитано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст