| четврток, 6 декември 2018 |

ФАО: Храната ќе поскапи за 40 проценти!

hrana

Организацијата на обиденитети нации за храна и за земјоделски производи прогнозира драстично поскапување на храната за 40 проценти. Во извештајот „Земјоделска прогноза 2013-2022“, ФАО изнесе црни прогнози за глобалното производство и фрапантниот пораст на цените на храната.

Поскапувањето на храната е последица на зголемената побарувачка за храна.

Цените на прехранбените продукти во следната деценија ќе пораснат од 10 до 40 проценти. Рапидно ќе расте цената на месото, а побавно на житото.

Причината е бавниот пораст на производството и на продуктивноста, и токму затоа владите треба да најдат начини за да им овозможат на земјоделците пристап до технологијата, за да се зголеми производството.

Влијание на цените имаат и факторите што предизвикуваат сè побавен пораст на земјоделските производи, а тоа се намалените плодни површини, поскапото производство и проблемите со климата, стои во извештајот на ФАО и на ОЕЦД.

Ценовните шокови нема да ја заобиколат ниту Македонија. Ќе растат цените на храната, увозот, исто така, а ќе се одлеваат и девизи.

Стручњаците предупредуваат, Владата да работи на зголемување на земјоделското производство.

Македонија од година во година станува сè поголем зависник од увоз на храна.

Според последните статистички податоци, во првите десет месеци од 2012 година во споредба со 2011 година увозот на храна и на живи животни се зголемил за 3,1 процент, а додека најголем пораст на увозот од 13,4 проценти е забележан кај животинските и кај растителните масла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top