Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, директно ѝ се закани на легендата на српската кошарка, Владе Дивац, дека ќе му го заплени имотот ако не плати данок на државата во висина од неверојатни шест милиони евра.
– Државата е во криза, меѓу другото, и поради тоа што со години дозволува некои луѓе да бидат над законите и да не плаќаат данок. Додека обичните луѓе жестоко се казнуваат поради долгови од 100.000 динари, некои други со години се толерираат иако должат милиони евра. Е така веќе нема да може! – порача Дачиќ.
Тој најави дека владата воведува „нулта толеранција“ кон сите што одбиваат да платат данок. Дачиќ дал ваква изјава испровоциран од Владе Дивац, кој рекол дека „нема време и не сака да се занимава со плаќање данок на Србија“. Двете фирми на Дивац ѝ должеле на Србија повеќе од шест милиони евра за данок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


