До работа во Германија релативно лесно се доаѓа. Главни услови се, покрај стручно образование, работно искуство и подготвеност за работа. Предност при вработување имаат кандидати кои знаат германски јазик, но и оние кои се високо мотивирани за негово учење.
Поради недостиг на квалификувана работна сила, Германија годишно губи милијарди евра, па германската влада нуди низа погодности за квалитетна и високообразовна работна сила.
Моментално во Германија никогаш помал број на луѓе не биле без работа, а големата побарувачка владее и кај квалификувани работници од странство. Листата на дефицитарни занимања секој ден се повеќе расте, а најмногу се бара медицински персонал како медицински сестри. Но, работа за краток рок ќе најдат и информатичари, инженери и математичари.
Германија е подготвена за нов бран гастарбајтери, а невработеноста е на најниски гранки во последните неколку децении.
Освен инженери, математичари и информатичари кои во Германија веќе долго време лесно наоѓаат работа, германскиот пазар е во чест дефицит на медицински персонал со што посебно се барани медицинските сестри и негуватели. Многу добри шанси за пронаоѓање на работа имаат и занаетчиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.