| четврток, 6 декември 2018 |

Возач од косовскиот конзулат продавал калашникови на мексикански мафијаши

Возач од косовскиот конзулат во Њујорк, Алберт Велија е уапсен заедно со уште седум лица при обид да продаде „калашникови“ на мексикански мафијаши, јавуваат американските медиуми.

Според нив, Велија е близок соработник на неколку функционери на Демократската партија на Косово.

Велија е уапсен откако Федералното истражно биро (ФБИ) ги следело неговите движења, кога тој со мексиканските мафијаши договарал продажба на 15 автоматски пушки АК-47 и рачни минофрлачи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top