| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп: Пожар во старото инфективно одделение во ЈЗУ „Борка Талески“

Стара документација изгоре во пожар во просториите на објектот на старото инфективно одделение во кругот на ЈЗУ „Борка Талески“ во Прилеп.

МВР соопшти дека вчера, околу 10:00 часот, на ул. „Трајко Тарцан” во Прилеп, од непознати причини настанал пожар во просториите на објектот на старото инфективно одделение во кругот на Јавната здравствена установа – општа болница „Борка Талески”, кој не е во употреба и кој е исклучен од електричната мрежа.

Од пожарот изгорела стара документација и дел од таванот на објектот. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа од ПС Прилеп. Полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top