| четврток, 6 декември 2018 |

Претепан малолетник во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 17- годишен Д.К, 18- годишен М.Л и 17- годишен Д.Ч, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство”.

На 16.06.2017 година во 23.00 часот на улица „Тоде Думба“ во Куманово пријавените физички нападнале 16-годишник, удирајќи го со тупаници по главата и телото.

Откако паднал на асвалтот продолжиле да го удираат со клоци по телото и главата, при што му нанеле повреди по телото и главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top