| четврток, 6 декември 2018 |

Ванковска: СЈО повеќе се трудеше да ѝ се допадне на јавноста отколку што вложи труд за ефикасна и професионална работа

Денешната прес-конференција на СЈО беше невкусна за многумина. Катица Јанева побара аплауз од новинарите за тимот кој што работел во изминатите 18 месеци. Аплауз од независните новинари… Се најдоа низа замерки, а една од замерките доаѓа од професорката Билјана Ванковска, која на својот фејсбук профил напиша:

Сега, на крајот на рокот за поднесување обвиненија од страна на СЈО, размислувам за сите оние викенди, свадби, Велигдени, селења и уредувања канцеларии со клима, патувања на семинари и сл. кои можеа да се употребат попаметно. Разбирам јас и партизирано судство и се’ друго што може да се наведе како оправдание, ама фактите зборуваат дека и СЈО повеќе се трудеше да ѝ се допадне на јавноста (небаре на избори ќе одат) отколку што вложи труд за ефикасна и професионална работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top