| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме во Нови Сад, има една жртва: Пожарникари го сечеле автомобилот за да ја извлечат жената

Големо невреме го зафати Нови Сад, во кое, како што пренесуваат медиумите во Србија загинала една жена. Во невремето проследено со град, грмотевици и ветер, дрво паднало на автомобил во кој била жената. Иако веднаш била извлечена од автомобилот, поради сериозноста на повредите починала на среде улица.

Засега не е познат нејзиниот идентитет.

Пожарникарите ја извлекле жената од автомобилот, а според зборовите на очевидци, тие го исекле автомобилот за да ја извлечат.

Со неа бил и совозачот С.С. (83) кој е префрлен во Клиничкиот центар на Војводина. Тој е во свесна сосојба иако има тешки телесни повреди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top