Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Сл.Весник на РМ бр.169/15), односно одредбите од законот кои се однесуваат на начинот и постапката за издавање на меѓународна возачка дозвола што почнуваат да се применуваат од задутре (30.06), Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, врз основа на член 315, став еден и шест, од посочениот закон, на секој возач кој поседува возачка дозвола, на негово барање му се издава и меѓународна возачка дозвола.
На возачот, пак, на кој му е изречена прекршочна санкција – забрана за управување со моторно возило за одреден период – не може да му биде издадена меѓународна возачка дозвола додека му трае изречената забрана.
Исто така, согласно Правилникот објавен во Сл.Весник на РМ бр.80/16 во прилог кон барањето за издавање на меѓународна возачка дозвола се приложува и потврда издадена од МВР и СВР (Оддел за управни работи) дека против возачот не е изречена прекршочна санкција, односно забрана за управување на моторно возило. Потврдата се издава веднаш по поднесеното барање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст