Скопје на 8. август е домаќин на најголемото спортско доживување на Балканот, Супер Купот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. За таа цел во Скопје ќе бидат поставени три фан-зони каде љубителите на фудбалот ќе можат да се забавуваат во исчекување на големиот натпревар.
За перфектна реализација на претстојните настани во самите фан зони се потребни голем број на волонтери кои ќе бидат клучни за организација. За таа цел се објавува јавен повик на кој заинтересираните треба да го потполнат прашалникот за интерес на следниов линк:
Секој волонтер ќе добие рекламен материјал (маица, капче) како и благодарница за волонтирање. Волонтерите треба да се постари од 16 години и да исполнат одредени услови кои се наведени во апликацијата. Ова е одлична можност за младите лица да се стекнат со незаборавно искуство во фан зоните на двата најголеми фудбалски клубови во светот.
Рок за пријавување на волонтери е до 10 јули 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.