Весникот Вечер ја пренесува фејсбук- објавата на Весна Вучиќ, сопруга на Драган и мајка на Мартин, во која таа го брани своето семејство и ги осуди невкусните шеги, особено на сметка на синот. Чашата ја прелиле шегите за екстерното тестирање поврзани со „сељакот Драган и син му“.
Таа вели дека е „крајно време да престанат со нивните “интелектуални шеги” и малограѓанштина“.
“Имам потреба со вас да го споделам моето утринско кафе кое го пијам вознемирена и растревожена. Не можам да замислам до каде оди потребата да се потценува и навредува некој само затоа што работи макотрпно, за доброто на своето семејство. Какви се тие “интелектуалци” што се занимаваат со Драган В. и со син му. Со години се трудам да ги игнорирам грдите написи (последниве денови актуелни се екстерните испити и “прашањата” врзани со “сељакот Драган”, син му). Тие што пишуваат имаат ли семејства, ги воспитувал ли некој, или пак, воспитуваат ли тие некого? Жално и срамно…”, ја пренесува Вечер Весна Вучиќ, која додава дека Драган е прекрасен сопруг, а Мартин со сопствена пот го стекнал она во кое ужива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.