Во новиот број на неделникот Република ќе читате:

Ексклузивни фотографии од бугарскиот логор Чучулигово
Ќе биде ли Ченто дел од заедничката историја?
Република дојде до ексклузивни фотогорафии снимени во бугарскиот логор Чучулигово во близина на Петрич каде што Ченто бил интернерниран во 1943 година. Со оглед на најавата на Заев дека со договорот за добрососедство „Македонија затвора едно поглавје на национализам и отвора друго на европската иднина“, во оваа прилика јавно го прашувам Заев, каде ќе биде местото на Методија Андонов Ченто во таа нова заедничка историја? Како ќе биде запишано делото на овој македонски херој и дали во новите учебници по историја ќе бидат опишани неговите голготи во бугарските логори? Дали Заев е подготвен за „европската иднина“ да се откаже од аманетот кој ни го остави Ченто сплотени под знамето на независна Македонија да ја вардиме слободата, независноста и демократскиот поредок?
Ќе има ли договор со Бугарија на македонски јазик?
Нудат добрососедство со уцени
Доколку Заевиот тим прифати договор во кој ќе бидат содржани истите спорните точки заради кои и досега не беше потпишан, а и денес јавноста гласно негодува, дури тогаш ќе се предизвика бура која не само што ќе ги залади односите туку и ќе ги врати со децении наназад. Кон креирање на таква атмосфера секако најмногу придонесува молкот на Заев, кој сѐ уште креира слика на тајност, а информациите се добиваат на лажичка само од бугарските медиуми. Заев молчи и зошто изготвениот текст на договорот не го потпиша во Софија, и покрај бројните пофалби за тоа како бил изработен. Ако се потпише договор без претходно тој да ѝ биде прикажан на македонската јавност, залудни ќе бидат обидите и на Заев и на бугарските, па и европски стратези да се објаснуваат придобивките од „просперитетот“ што тој договор би го донел.
Нов живот за соросоидите
Шарените наградени со функции во владата на Заев
Дузина „граѓански“ активисти и новинари експресно се вдомија во Заевата влада. Чувствувале должност да учествуваат во обновата на државата?! Мислеа ли на автопатите, клиничките центри и на другите проекти кои ги стопираа? Патетичните образложенија кои ја навредуваат интелигенцијата на читателот и ве тераат на смеа се издржани исто колку и актуелната партизација на сите сетила. Најзадолжената партија во Европа и пошироко да ти имала не само странски, туку и домашни долгови. А демаскираните активисти да ти биле социјалдемократски, не граѓански. Ќе го затвори ли Заев НВО-секторот, бидејќи веќе нема потреба од него, чуму Сорос и УСАИД би давале пари за НВО кога сега имаат влада? Ќе се вработи ли целиот технолошки НВО-вишок во јавната и во државната администрација преку нововлаидниот проект „СДСМ наградува и вработува“?
Непотребна лицитација со имиња
Без признат идентитет нема решение за спорот
Македонскиот менталитет нема да дозволи какво било име да добие вистинска шанса, особено ако се оди на решение кое ќе нема загарантиран пакет во кој ние ќе го задржиме сопствениот идентитет во согласност со меѓународната практика и легислатива.
Затоа и „северна“, и „горна“, и „словенска“ и „вардарска“ се тотално неважни во целиот проблем. Без грчкото прифаќање на македонскиот ентитет како посебен во ОН и во Советот на Европа не можеме да почнеме да разговараме, а не пак да најдеме решение.
Економскиот раст со надолен тренд
Градежништвото пред колапс
Политичката нестабилност која трае со месеци го зеде својот данок. Тоа најмногу го почувствува градежниот сектор, локомотивата на економскиот раст и растот на БДП, кој после подолг период на раст од почетокот на годинава бележи пад. Само во првиот квартал тој пад беше 6,3 отсто, но се очекува падот да продолжи и во останатите квартали, посебно со оглед на тоа дека е стопирана изградбата на двете најголеми делници Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип.Ова значи дека зацртаните цели на Министерството за финансии за повисок економски раст, како предуслов за исполнување на останатите економски ветувања, како повисоки плати, укинување на радиодифузната такса може да паднат во вода.
Земјоделството на колена
Власта нема капацитет да се справи со предизвиците
Земјоделска Македонија заборави на земјоделците. Поради сушата, прогласување на елементарна непогода бараат и земјоделците кои работат на македонските ниви. Тие велат дека сушата предизвикала намалени приноси на јачменот за 70 и на пченицата за 50 отсто, а бараат обесштетувањето да биде 30.000 денари по хектар.
Хаосот во земјоделството го става на испит новото државно раководство за можноста да одговори на потребите и на земјоделците и на пазарот. Потврда за тоа е и состојбата со која се соочуваат овоштарите. Ниту протести и фрлањето на родот не им помогнаа да се изборат пред политичките пресметки.
ВМРО-ДПМНЕ со предлог за докторите
За специјалистите плата од 100.000 денари, за општите лекари 56.000 денари
Со овој закон би се уредиле условите, односно организацијата и начинот на вршење на докторската дејност, правата и должностите на докторите. Исто така, ќе се врши контрола на докторската дејност, како и вреднување на докторскиот труд. Со овој закон исто така е опфатена и лиценцата за работа, на докторите на медицина, односно нејзиното издавање, продолжување, одземање или прекин на нејзиното траење.
Дојде живот и за педофилите
Соросоидите со поддршка за педофилијата, од СДСМ молк
Дали Социјалдемократскиот сојуз се обидува да ја протне педофилијата на мала врата како нешто нормално?! По колумната на активистот Никола Шиндре, во која ја оправдува педофилијата и пишува дека требало да ја сфатиме како нагон, а не да ја осудуваме, се чини партијата од власт го оправдува ваквото гледање на работите. Поддржувачи на социјалдемократите гласно застанаа зад колумната на Шиндре, кој бедно се обидува да каже дека погрешно бил сфатен.
Инаку Никола Шиндре во својата колумна пишува дека педофилите се „маргинализирана група“, а исто и децата кои, како што ги класифицира, „сакаат да имаат сексуални односи со возрасни“.
Политички игри со античкиот театар
Стопирањето на реконструкцијата ќе предизвика огромни штети
Уште додека беше во опозиција, како претседател на Комисијата за култура на СДСМ, Алаѓозовски обвини дека власта го доведува во опасност археолошкиот локалитет Скупи, а со последната најава за ревизија на проектот не се знае што ќе се случува понатаму. Имено, како што нагласи самиот, тендерот е неделив и се однесува на реконструкција, конзервација и реставрација и со негово стопирање ќе се нанесе штета.
– Ако го стопираме, државата ќе има огромни штети, затоа што тендерот е неделив. Во овој момент до 30 јуни ќе се заврши само конзервацијата, а нема градежна дозвола за да се премине на следните фази, истакна Алаѓозовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


