За само две недели од основањето на Фејсбук групата „Изнајмувачи со срце“ брои повеќе од 5.000 членови.
Таа поубавата, хумана страна на социјалните мрежи ни покажува дека сеуште има луѓе кои се подготвени да се борати на другите да им биде подобро. Така овие денови една прекрасна иницијатива со молневита брзина се прошири долж Јадранското приморје. Тргна од Простир на островот Брач под слоганот „Не е се во парите“ со цел да обезбедни бесплатен престој на море на семејствата од целиот регион кои имаат деца со потешкотии во развојот.
За само две недели од основањето на Фејсбук групата „Изнајмувачи со срце“ во неа членуваат повеќе од 5.000 членови и стотина сопственици на апартмани на јадранското крајбрежје кои бесплатно ги нудат своите апартмани.
Акцијата ја поддржаа и некои угостителски објекти, а ова е еден од постовите на групата:
– Сите семејства кои се во близина на Биоград на море имаат обезбеден ручек или вечера кај нас, коноба „Аквариум“, само јавете ми се малку пред да дојдете.
Оваа навистина добра акција која вреди да се пофали и да се поддржи наиде на поддршка и во Неум.
Вратата на своите домови за децата со Даунов синдром и аутизам и нивните родители ја отворија Инес и Жељко Главиниќ и почесниот конзул на Боснма и Херцеговина во Нов Јужен Велс, Џемила Талиќ Гебриел со сопругот Крис Габриел.
– Благодарение на мојата соседка од Неум, Инес Главиниќ дознав за акцијата и веднаш се приклучив на групата „Изнајмувачи со срце“ и понудив бесплатно сместување на семејствата кои имаат деца со Даунов синдром и аутизам. Во рок од 10 минути од поставувањето на постот во групата стигнаа бројни пораки и апартманот беше пополнет до крајот на октомври, а наскоро ги очекуваме и првите гости, вели Талиќ Габриел која веќе со години се занимава со хуманитарна работа.
Во нејзиниот дом ќе престојуваат 10 семејства од различни делови на Босна и Херцеговина, Мостар, Сараево, Бања лука…
– Многу сум среќна што јас и мојот сопруг можеме барем на кратко да им ја пружиме потребната среќа и насмевка на лицата на децата и нивните родители кои од нас се разликуваат само по тоа што се носат со болеста на исклучителен начин. Исто така би ја искористила оваа можност да апелирам на останатите да се вклучат во акцијата и да им овозможат на децата и на нивните родители да ги почувствуваат летните радости и мирисот на морето: Отворете ја вратата, донесете насмевка и среќа на лицата на децата, тоа не е скапо!, порача Талиќ Габриел и истакна дека без оглед на тоа дали акцијата ќе стане традиционална или не вратата на нејзиниот дом и во иднина ќе биде отворена за децата со даунов синдром и аутизам и на нивните родители.
Во апартманот на Жељко Главиниќ во текот на овас лето ќе престојуваат три семејства од БиХ, а тој вели дека заедно со неговата сопруга ни за миг не се двоумеле кога требало да се приклучат на групата и да понудат бесплатено сместување.
– Мојата сопруга на социјалните мрежи дознала за акцијата и веднаш одлучивме да ја поддржиме. Едноставно ве влече срцето, мораш да помогнеш. Добивме повеќе од 100 барања, но за жал можеме да примиме само три семејства, бидејќи апартманите се веќе однапред резервирани. Верувам во хуманоста на моите сограѓани и се надевам дека уште многумина ќе ги отворат своите врати за овие семејства чиј секојдневен живот е борба против предрасудите и незнаењето, нагласува Главиниќ.
Зад оваа иницијатива стои една „обична“ жена од островот Брач, Вјера Матулиќ, кој цел живот се занимава со хуманитарна работа, но од сенка.
Пред две недели, кога одлучила да ја основа групата на Фејсбук воопшто не замислувала ваква поддршка од јавноста и дека толкав број луѓе се подготвени да помогнат и да понудат бесплатно сместување.
– Мислев дека ќе биде одлично ако се јават пет изнајмувачи и да понудат бесплатно сместување. Така што ова е над моите очекувања. Она што помалку ми се допаѓа во сево ова е што моето име се појави во јавност, едноставно не сум навикната на тоа и не ми е пријатно. Ако почнував сега одново моето име никогаш немаше да го откријам, раскажува вера и додава дека акцијата зеде замав и сега веќе се поврзува со изнајмувачи од Црна Гора.
– Поради документи и оддалеченост на некои семејства кои се јавија од БиХ многу им е полесно да одат во Црна Гора. Денеска се јавија неколку изнајмувачи оттаму и искрено се надевам дека ќе се вклучат во акцијата. Исто така би истакнала дека за некои семејства проблем е и превозот бидејќи долготрајното лекување и терапии ги осиромашиле. Се јавија две семејства од Бања лука на кои бесплатното летување многу би им значело, но немаат пари за патување. Најдобор би било кога градот, или центарот за социјална работа или некоја хуманотарна организација, како кај нас во Хрватска би ги покрила трошоците за превоз, вели Матулиќ, која за да им обезбеди превоз на семејствата од Хрватска кои немаат пари за патување, стапила во контакт со Здружението „Стара хартија за нова насмевка“.
Тие создале група на Фејсбук „Возачи со срце“ која организира превоз на море за оние кои не можат да си го дозволат тоа.
По овој пример и во Македонија се организира бесплатен престој во охрид и во Битола за семејства чии деца се со Даунов синдром или аутизам.
Лидија Ќосевска на Фејсбук профилот на групата „Бесплатно сместување Македонија“ пишува:
-Почитувани,
Имаме слободно студио од 25.08.-31.08., би го отстапиле за семејство кое има дете со пп. Се наоѓаме во Охрид, во близина на Охридска Банка,студиото се наоѓа на приземје во куќа до кое има 4 степеника, студиото има 3 кревети, мини кујна, купатило, балкон. До центар има 10 мин пешки. Доколку има некој заинтересиран Ве молам пишете ми во инбокс или јавете се на 075586537-Лидија. Ви благодарам и убав ден имајте …
На оваа иницијатива се приклучи и Хуманитарно здружение Млади Хуманисти – Битола, кои од утре 29.06.2017 ќе спроведат иницијатива со потписи за Бесплатно сместување во Битола.
-Се приклучуваме на иницијативата, пишуваат оттаму.
Апартмани Џими од Охрид исто така нуди сместување…
-Најпрво браво за иницијативата и будењето на хуманоста.Денес,одморот претставува своевиден луксуз кој се почесто некои фамилии не можат да си го дозволат, соочени со нивните проблеми како финансиски така и здравствени,па да им помогнеме на родителите,барем на кратко да им ги оттргнеме мислите од нивното секојдневие и да ги израдуваме нивните деца.
Затоа, од период 01.07.2017 до 05.07.2017 и уште еден термин 25.08.2017 до 30.08.2017 би сакале да ви понудиме студио на семејство со дете со пп или здравствен проблем кое се наоѓа во населба “Христо Узунов”,кај ординација Сонце.Студиото се наоѓа на приземје, во зграда, опремено со кујна, во кое можат да се сместат 3 лица.Се наоѓа на 10 минути пешки до центар.На нашиот профил, може да видете слики,означен како “stan br 3”
Доколку има заинтересирани, може да ме контактирате во инбокс или на 070/730723 Валентина.
Имајте убав ден и се надевам дека оваа група ќе насмее многу детски лица :), пишуваат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.