Има опасноста од растечкото влијание на исламот во земјите од југоистична Европа, тврди министерот за одбрана на Австрија, Ханс-Петер Доскоцил.
-Гледаме исламизација на Балканот од која не лазат морници”- вели овој влијателен политичар од редовите на австриските социјал-демократи за германски Die Welt.
Според него, силата и влијанието на ЕУ на Балканот бледее, додека од друга страна Турција и Саудиска Арабија го шират своето влијание. Министерот верува дека официјална Анкара е многу влијателна на Косово, во Албанија и во Србија.
Весникот наведува дека Турција се обидува да ги освои жителите во регионот со обновувања на џамии во Босна и на Косово, во Сараево и Бања Лука, како и Призрен и Приштина, додека истовремено нејзините инвеститори вложуваат во Босна и на југот на Србија. На Косово, турски компании се присутни во прехранбената индустрија, изградба на патишта и во енергетскиот сектор. Во Албанија исто така се шири влијанието на Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст