| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо со пиштол му се заканувал на момчето на неговата внука

Седумдесет и тригодишен жител на Пирок му се заканувал со пиштол на поранешното момче на неговата внука.

Според информациите на МВР, вчера во 20 часот Ф.М. (20) од село Пирок, тетовско, пријавил дека истиот ден во 19:30 часот пред вратата на неговата куќа дошол Б.Б. (73) од Пирок и почнал да го навредува, по што извадил пиштол и го вперил кон него.

Нападнатиот успеал да го совлада дедото, по што тој си заминал.

Како што соопшти МВР, причина за настанот било тоа што Ф.М. имал љубовна врска со внука на Б.Б., која ја прекинал.

По кажување на дедото, Ф.М. ја вознемирувал внука му. Старецот го поседувал пиштолот марка „Бернандели“ калибар 7,65мм со дозвола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top