Хрватскиот писател и влијателниот колумнист Ренато Баретиќ чии романи се најчитани во регионот, престојува во Скопје како гостин на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“.
Во книжевниот разговор кој беше огранизиран синоќа тој раскажуваше за своите амбиции во новинарството и во книженоста.
– Јас само сакам да пишувам интересни приказни, книги кои луѓето нема да сакаат да ги остават додека не ја прочитаат и последната страница. Тоа е мојата единствена амбиција во книженоста. А во колумните може да напишам се што сакам и се она што ме мачи – вели Баретиќ.
Баретиќ (54) е новинар и писател, кој од 1983 година живее само од пишување. Автор е на три романи, на две збирки поезија и на неколку есеистички книги. Неговите романи „Осмиот повереник“, „Зборувај ми за неа“ и „Хотел Гранд“ се наградувани и преведени на неколку европски и балкански јазици, вклучувајќи го и македонскиот. „Осмиот повереник“ имал и успешна театарска поставка, а годинава се очекува и премиерата на филмот снимен според неговиот роман.
Баретиќ, роден загребчанец кој се преселил и живее во Сплит во изминативе две децении стана еден од највлијателните колумнисти во водечките дневни весници и неделни магазини („Вечерњи лист“, „Слободна Далмација“, „Глобус“, „Национал“…).
– По 30 години живеење во Загреб, каде што сум роден, се преселив во Сплит во 1993 година. Десет години подоцна го напишав првиот роман кој веројатно нема да постоеше, ако јас останав да живеам во Загреб. Можеби би напишал некој роман, но тоа немаше да биде „Осмиот повереник“. Животот, за среќа, ми овозможи и репортерска работа и благодарение на мојата работа како новинар, посетив многу острови во Хрватска. Таму видов одлични работи, но и страшни и бизарни. Во Хрватска има повеќе од илјада острови, но дејствието во тој роман се случува на еден измислен остров. „Осмиот повереник“ не е автобиографско дело, иако некој сакаше така да го претстави. Следните два романи ги пишував во 2006 и во 2008 година. Ништо друго, освен стварноста не ме инспирира да пишувам. Не земам никакви опијати, ниту пак имам халуцинации. Географијата и гео биографијата имаат влијание на она што сум го работел – раскажува Баретиќ, кој синоќа беше дел од книжениот разговор на кој освен тој учестуваше и Емир Имамовиќ.
Тој говороеше и својот новинарски и општествен ангажман.
– Јас сите свои политички фрустрации, се она што не ми се допаѓа во општеството, го пишувам во колумните. Во книжевноста немам потреба да пишувам за тоа, ниту пак да деконструирам. За „Осмиот повереник“ луѓето рекоа дека е политичка сатира, утоптија, љубовен роман за машкото пријателство…Јас само сакам да пишувам интересни приказни, книги кои луѓето нема да сакаат да ги остават додека не ја прочитаат и последната страница. Тоа е мојата единствена амбиција во книженоста. А во колумните може да напишам се што сакам и се она што ме мачи – вели Баретиќ.
Баретиќ повремено работи како филмски и телевизиски ко-сценарист. Автор е на хит-филмот „Што е маж без мустаќи“.
Од 2007 година е уредник на програмата на фестивалот Причигин во Сплит, а од 2012 го води практичниот дел од наставата во сплитската „Куќа за креативно пишување“. За романот „Осмиот повереник“, кој е преведен и на македонски јазик, освоил пет најзначајни национални книжевни награди.
Александра М. Бундалевска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст