| четврток, 6 декември 2018 |

Еве што треба да направите кога ќе прејадете

Не еднаш ни се случило да започнеме со оброкот и добронамерна мисла на умереност, но кога ќе ви дојде слатко и не ви се престанува не размислувате што ќе се случи подоцна. Се каете, лути сте на себе и велите дека ништо нема да јадете до крајот на денот. Баш напротив, постојат работи кои ќе ви помогнат кога сте претерале со храната.

Шетајте. Кратката прошетка, околу половина час, по оброк ќе би помогне да се ослободите од гасови во стомакот. Пешачењето го ослободува притисокот во цревата, со што се намалува непријатното чувство на подуеност. Освен тоа, кога пешачите ја забрзувате циркулацијата а таа го подобрува варењето на храната. Свежиот воздух ќе ви помогне да се чувствувате подобро и да не си прекорувате за обилниот оброк.

Половина час по јадењето изедете малку ананас или напијте се чаша јогурт. Ананасот и јогуртот го подобруваат варењето на храната. Ананасот содржи голема количина ензим бромелаин кој ја вари храната со тоа што ги разложува протеините.

Пиењето зелен чај за време или по јадење ќе му помогне на телото да се ослободи од акумулираните масти и холестерол. Медицинските придобивки од зелениот чај лежат во неговите полифеноли или растителни антиоксиданси кои учествуваат во разградувањето на мастите и притоа го намалуваат нивото на холестерол во крвта.

По обилниот оброк сигурно ќе паднете во искушение да легнете, но тоа не е добар избор. Почекајте барем три часа по оброкот бидејќи во спротивно ќе имате киселини како резултат на работата на дигестивните сокови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top