Според првите податоци од австралиското Биро за статистика по пописот спроведен во 2016 година, на континентот живеат близу 100.000 Македонци.
Врз основа на податоците, 98.441 лице одговориле дека имаат македонско потекло, споредено со пописот од 2011 година кога овој број изнесувал 93.570.
На прашањето за јазикот што го зборуваат дома, на пописот во Австралија во 2016 година 66.019 лица одговориле дека дома го зборуваат македонскиот јазик. Според податоците од 2011 година 68.849 лица во Австралија одговориле дека го зборуваат македонскиот јазик дома.
На пописот во 2016 година 38.985 лица одговориле дека се родени во Република Македонија, додека на пописот во 2011 година оваа бројка изнесувала 40.222.
Македонската заедница во Австралија, според почесниот конзул на Македонија Зоран Ќосески, е интегрален ден од австралиското мултикултурно општество
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.