| четврток, 6 декември 2018 |

Петиција за финансирање на програмите за намалување штети од употреба на дроги

Потписи за поддршка на програмите за намалување штети од употреба на дроги и превенција од ХИВ, денеска се собираат на плоштад Македонија, од 10 до 18 часот. Пултот е поставен од Здружението на граѓани ХОПС.

– Благодарение на програмите за намалување штети во последните десет години во Македонија евидентирани се само два нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, а помалку од пет отсто од вкупно 315 регистрирани слуачи со ХИВ, биле лица што инјектираат дроги. Во земјава има 17 програми за намалување штети од дроги, од кои четири во Скопје и 13 во другите градови. Овие програми се ефикасни и финансиски исплатливи – велат од ХОПС.

ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, иницираше кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ и ги повика сите граѓани да ја потпишат петицијата , која е повик до Министерството за здравство и до Владата да обезбедат пари за продолжување на програмите. Потписи може да се дадат во следните денови и преку онлајн петиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top