| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР со вонредна најава

Поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла воздушна маса, во наредните денови ќе биде уште потопло со натпросечни температури на воздухот. Од четврток до сабота во поголем дел од земјавамаксималната температура ќе надмине 35, а вдолж Повардарието и 40 степени. Во четврток ќе дува засилен југозападен ветер.

Во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник, поради нагол продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и грмежи. Од понеделник дневната температура значително ќе опадне, за повеќе од 10 степени во однос на претходните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top