Тимот „Анимув“ (Animove) е единствениот учесник од Македонија што се обидува да влезе во петте финалисти на глобалниот натпревар #youforG20 во Германија. Проектот со кои се претставуваат е поврзан со биодиверзитетот во Македонија и светот, спречување на понатамошно изумирање на различни загрозени организми. Тие обработија два светски загрозени организми кои ги имаме во Македонија, египетскиот мршојадец во Демир Капија и европската јагула во Охрид.
Тимот „Анимув“ како решение нуди веб апликација која ќе биде еколошка социјална мрежа и ќе содржи податоци, мапи, локација на живеалиштата, ресурси на храна, траекторијата на миграција на различни загрозени организми. Целта е да содржи информации за сите загрозени организми во светот и со тоа да биде алатка на сите граѓани како и научници. Со тоа ќе се има пристап на сите податоци на едно место, и жителите во светот ќе можат да се информираат за загрозените организми кои живеат во или околу нивните градови и како можат да помогнат.
Вториот дел од решението е Динамо ГПС локатор за различни птици и риби, кој научниците и еколошките друштва ќе можат да го користат за следење на организмите и со тоа да дојдат до причините за нивното изумирање. Локаторот ќе се напојува од движењето на организмите, крилјата кај птиците и перките кај рибите.
Гласањето е на следниот линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст