| четврток, 6 декември 2018 |

Јули е најопасен за возење

Директен судир на голф и југо, што се случи утрово во 3 часот ќе беше кобен за неколку патници кои патувале кон Дојран. Голема среќа имале што како последица на стравотниот судир, здробени се само возилата, со полесни повреди поминал возачот на југото и еден негов сопатник.
Летните месеци се најризични за сообраќајот, апелираат надлежните. Праксата покажува дека најголем број несреќи и жртви има токму во месец јули. Минатата година во сообраќајни несреќи живото го загубиле 165 лица, од нив 26 починале во месец јули – објави Алфа.
На почетокот од летната сезона, надлежните со апел за внимателно возење. И оваа година се очекува најголем број транзитни туристи и возачи кои тргнале на летување кон Грција, а ќе поминат низ Македонија, па оттука најголемо преоптеретување во сообраќајот ќе има на коридорот 10.
Стручњаците предупредуваат дека во ера на клима уреди во автомобилите, тргнувањето на пат ноќе или рано наутро не е неопходно, бидејќи токму тоа го зголемува ризикот да се случи сообраќајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top