| четврток, 6 декември 2018 |

Македонка држела 40 Кубанки како секс- робинки

Македонка прелажала 40 кубанки , наместо танчерки во Анкара ги направила сексуални робинки.

Турската полиција уапси македонска државјанка која ќе одговара за организирање мрежа на проституција објавија медиумите од Анкара.

Преку својата агенција за посредување, таа ангажирала 40 девојки од Куба, на кои им ветувала дека ќе танцуваат во ноќни клубови во турската метропола и за тоа нудела богата заработка.

Наместо кубански танц, девојките биле затворени во хотел и принудени да даваат сексуални услуги.

По доаѓањето во Турција, на кубанките веднаш им биле одземени пасошите и ги сместиле во квартот Улус во турската метропола. Кубанките биле проституирани цели два месеци.

Македонката организирала автомобил кој секоја вечер ги земал девојките од хотел и ги носеле кај претходно договорените клиенти, потоа ги враќале до квартот и ги затворале повторно во хотелот.

Мрежата е разбиена откако една од Кубанките успеала да избега и да го пријави случајот во амбасадата на Куба во Анкара каде побарала засолниште.

Девојките се вратени во Куба а менаџерката од Македонија е во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top