Скопјанец во животна опасност бил изваден од водите на Охридското Езеро.
Како што соопшти МВР, на плажа во охридското село Пештани вчера околу 14 часот од водите на Охридското Езеро со знаци на живот бил изваден К.К. (37) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ-Охрид од каде било добиено известување дека се наоѓа во животна опасност.
Поради сериозноста на здравствената состојба вчера К.К. бил пренесен од Охридската Општа Болница во „Карил“ при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст