| четврток, 6 декември 2018 |

Со максимален ефект одбојкарите патуваат на Ф4 турнирот во Данска

Со максимален ефект и шест победи, Македонската одбојкарска репрезентација ќе патуваат на Ф4 турнирот од Европската лига во Данска. Во последниот натпревар од вториот турнир кој се одигра во Албанија, популарните „Спартанци” славеа во пет сета (25:21, 17:25, 25:21, 23:25, 15:10) над домаќинот и дојдоа до шестата победа на двата турнира.

Нашиот западен сосед пружи голем отпор, па Македонија за прв пат оваа година мораше да игра „тај-брејк” за да остане непоразена пред Ф4 турнирот, каде уште од сега покажуваме дека имаме голема шанса сезонава конечно да го освоиме првото место и наредната сеона да се пласираме во далеку поквалитетната Светска лига. Македонија ќе биде единствена со максимален ефект на Ф4 турнирот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top