Расказот „Смислата“ на современиот македонски прозаист Томислав Османли деновиве го објави списанието „Сент“ во Нови Пазар.
Станува збор за реномирано печатено списание кое покрај електронското списание „Eckermann“ го уредува истакнатиот српски поет и прозаист Енес Халиловиќ. Списанието објавува прилози од истакнати автори автори од регинот како и од поширокиот меѓународен литературен ареал.
Расказот „Смислата“ е кратка повест за осамена старица која живее во дом за стари лица во кој се населуваат бегалци од војната, некогашна професорка по философија која непрекинато се прашува за смислата на животот, несвесна дека ја изневерува во секојдневните, на прв поглед мали поведенија. Тоа е проза за смислата која постои вон егоизмот, во алтруистичкото и сочувственото поведение. Расказот од македонски го преведе Зоран Ж. Пауновиќ, истакнат преведувач од англиски и македоснки јазик, инаку редовен соработник на нашиот писател при неговите српски преводи.
Ова е втор пат како Томислав Османли е поканет да објави свој книжевен прилог во угледното книжевно списание. Пред две години тој таму ја објави новелата „Свадба на Дорќол“ која беше забележана во српската книќевна јавност и беше повод за негово поголемо интервју за книжевната емисија „Окото на Балканот“ на Втората програма на Радио Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст