| четврток, 6 декември 2018 |

„Падна“ и хрватската претседателка

На претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ денеска и се слоши за време на мисата во Загрепската катедрала по повод Денот на државноста. И се слошило за време на мисата и морала да излезе од катедралата и повеќе не се вратила.

Портпаролот на претседатлката, Лука Ѓуриќ изјави дека се е во ред со Грабар-Китаровиќ. Тој посочи дека таа пред неколку дена се пожалила на повеќемесечни болки во вратот поради што мора да оди на интензивна физикална терапија.

На „Миса за татковината“, предводена од кардинал Јосип Бозаниќ, присуствуваа и претседателот на Саборот Гордан Јадранковиќ ии премиерот Андреј Пленковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top